Најкористениот домашен зачин — секогаш свеж и полн со витамини
Магдоносот е незаменлив дел од секоја македонска кујна — од супи, манџи и салати, до свежи сосови и гарнири. Богат со витамин Ц, железо и хлорофил, хидропонски одгледаниот магдонос има многу поинтензивен мирис и вкус од купениот, а ти стои свеж на дофат без да венее во фрижидер.
Што содржи Refill пакетот:
- Избраниот број на биоразградливи сунѓерчиња за садење (
3, 6, 8 или 12 парчиња) - Селектирани семиња од домашен ароматичен магдонос (спакувани одделно за максимална свежина)
Брзина на раст и совети за нега:
- Никнување: 10 – 18 дена
- Прва берба: 4 – 5 недели по садењето
- Најдобар принос: До 4 месеци редовна берба
- Совет за берба: Сечи ги надворешните стебленца при основата, оставајќи ги младите внатрешни листови да продолжат да растат.
Како се сади (во 3 лесни чекори):
- Садење: Вметни го сунѓерчето во кошничката на твојата SmartGarden, стави 3–4 семиња во отворот на врвот, наполни го резервоарот со чиста вода и стави го проѕирното капаче за да ја задржи влагата додека не изртат никулците.
- Додавање храна: Откако ќе се појават првите зелени никулци, извади го проѕирното капаче и додади од течната храна за растенија (А + Б ѓубриво) во водата според упатството.
- Берба: Исечкај свеж, миризлив магдонос за секој домашен оброк во секоја сезона!






Reviews
There are no reviews yet.