Рузмарин

Price range: 390 ден through 1.190 ден

Свеж, интензивно миризлив рузмарин директно во твојата SmartGarden преку целата година — без земја и без пестициди. Содржи биоразградливи сунѓерчиња и селектирани семиња за лесно хидропонско садење.


- +
Guaranteed Safe Checkout
Интензивна медитеранска арома и природна енергија во твојата кујна
Рузмаринот е еден од најпрепознатливите ароматични зачини со богат, дрвенест мирис и висока концентрација на антиоксиданси. Совршен за печен компир, месо на скара, фокача, маслиново масло и топли зимски јадења. Одгледан хидропонски без земја, пестициди и ГМО, ти овозможува секогаш да откинеш свежо гранче директно од кујнскиот пулт.
Што содржи Refill пакетот:
  • Избраниот број на биоразградливи сунѓерчиња за садење (3, 6, 8 или 12 парчиња)
  • Внимателно одбрани семиња од ароматичен рузмарин (спакувани одделно за максимална клијавост и свежина)
Брзина на раст и совети за нега:
  • Никнување: 14 – 21 ден (рузмаринот природно ‘рти малку побавно, биди трпелив!)
  • Прва берба: 6 – 8 недели по садењето
  • Најдобар принос: До 5 – 6 месеци континуирана берба
  • Совет за берба: Потсекувај ги горните врвови на гранчињата со ножици — тоа го поттикнува рузмаринот да се разграни и да формира густа грмушка.
Како се сади (во 3 лесни чекори):
  1. Садење: Вметни го сунѓерчето во кошничката на твојата SmartGarden, стави 3–4 семиња во отворот на врвот, наполни го резервоарот со чиста вода и стави го проѕирното капаче за да ја задржи влагата додека не изртат никулците.
  2. Додавање храна: Откако ќе се појават првите зелени никулци, извади го проѕирното капаче и додади од течната храна за растенија (А + Б ѓубриво) во водата според упатството.
  3. Берба: Откини свежи гранчиња рузмарин за твоите омилени рецепти преку целата година!
Пакување

3 сунгерчиња, 6 сунгерчиња, 8 сунгерчиња, 12 сунгерчиња

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Рузмарин”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

РузмаринРузмарин
Price range: 390 ден through 1.190 денИзбери опција